Tuesday 20 October 2015

The Martian - Ridley Scott (2015)


Веќе станува холивудска традиција при крајот на годината да добиеме еден сериозен и научно издржан научнофантастичен филм.  Но, за разлика од Gravity (2013) и Interstellar (2014) кои сакаа да испровоцираат и емотивни реакции од гледачите, The Martian има релативно студен и бесчувствителен пристап, што одлично ја доловува книгата на која е заснован.

Sunday 18 October 2015

Steve Jobs - Danny Boyle (2015)


Не сум љубител ниту на биографски филмови, ниту на компанијата Apple, ниту на извиканиот сценарист Adam Sorkin.  Сметам дека заедничко им е што се заглавени во старите "добри" времиња со што го забавуваат развојот на формата што ја претставуваат, било да е филмска, технолошка или книжевна.  Херметички затворени во еден загушлив простор (таканаречен echo chamber), забораваат дека постои свет и надвор од нив самите, па верглаат ли верглаат, промовирајќи ја својата незаменливост.  А сепак најновиот филм за Steve Jobs успева да стави вентил во комората и да внесе свеж воздух во веќе излитената хагиографија на иконскиот главен лик.

Sunday 11 October 2015

Три дена во септември - Даријан Пејовски (2015)


Примитивизмот и историјата на Балканот се толку вкоренети во нашата кинематографија, што е вистинско освежување кога сценариото ќе ги стави балканските стереотипи во функција на една универзална трилер приказна.  Три дена во септември не бега од македонската реалност (има во него и социјален коментар и прикриени етнички тензии), но сето тоа е во склоп на еден жанровски филм кој може слободно да биде снимен и на друг јазик, и на друго место, а да не ја изгуби својата привлечност.